ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {05.06 – 11.06}

Прочитајте хороскоп за неделата која е пред нас.

ОВЕН

Овните оваа недела ги очекува големо изненадување на работното место. Можно е зголемување на платата или шанса за работа на некој важен проект. Слободните Овни ќе шармираат каде и да се појават, додека оние во врска ќе се прашуваат дали љубовните одлуки им се правилни.

БИК

Конечно ќе имате чувство дека проблемите се средуваат. Ќе бидете опуштени, добро расположени и оптимистички настроени. Искористете ја оваа недела за остварување на некој долгогодишен сон. Потрудете се да бидете поромантични и да му покажете на партнерот дека ви значи.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците ќе размислуваат за минатото и иднината и тоа ќе ги умори. Внимавајте како и на што ја трошите енергијата. Одредени припадници на овој знак ќе се соочат со пад на имунитетот. На љубовно поле, можни се пресврти кои од една прегратка ќе ве фрлат во друга.

РАК

Оваа недела ќе имате чувство дека ништо не оди по планот, но една личност од вашето секојдневно опкружување ќе ве разубеди и ќе ви помогне да не се чувствувате толку депресивно. Потрудете се што почесто да бидете во друштво на позитивни и насмеани луѓе, а што помалку осамени. Раковите во долга врска може да се израдуваат на просидба.

ЛАВ

Започнува период кој за вас ќе биде испоолнет со многу неочекувани сируации. Најважно од се е да останете смирени и присебни. Не допуштајте ништо да ве извади од такт. Покажете им на непријателите дека сте подготвени да се борите храбро. Можни се вртоглавици.

ДЕВИЦА

Девиците во врска ќе бидат среќни, оние сингл по малку ќе кукаат дека немаат најдено сродна душа. Но, сингл статусот ќе се промени се до крајот на овој месец. Најдете време за сите оние обврски и средби кои во последниов период ги одложувавте. Организирајте се подобро.

ВАГА

Можни се финансиски проблеми, затоа бидете внимателни со парите и расхдите. Купувајте го само она што навистина ви е потребно. Потрудете се што побрзо да ги решите овие проблеми бидејќи тензијата што ја чувствувате им ја пренесувате и на други луѓе, па лесно и ненамерно може да влезете во конфликти со саканите луѓе.

СКОРПИЈА

Ставете го фокусот на врската, наместо на кариерата. Потрудете се да му покажете на партнерот дека ви е важна љубовната врска и заедничката среќа многу повеќе од неколку илјадарки плус на вашата сметка. Консумирајте здрава храна и трудете се да бидете што поактивни во овој период.

СТРЕЛЕЦ

Не би требало да бидете љубоморни на партнерот, доколку навистина му верувате. Само создавате проблеми кои наместо пред матичар, ќе ве одведат на одделни патишта. Контролирајте ги напливите на лоши емоции. Потрудете се смирено да разговорате за она што вие го гледате како проблем, а партнерот не. Викенд надвор од градот ќе биде вистинско освежување за вашата врска.

ЈАРЕЦ

Јарците оваа недела нема многу да се замараат, ниту со работа, ниту со семејството. Ќе бидат по малку себични и ќе го користат секој миг за сопственото уживање. Слободно правете го тоа што ве усреќува само не заборавајте на саканите луѓе на кои им сте потребни почесто. На работа ќе биде мирно, без некои големи притисоци.

ВОДОЛИЈА

Во текот на следните седум дена, Водолиите ќе донесат важна одлука која ќе им го промени животот на подобро. Бидете храбри и не плашете со од ништо, бидејќи добиваат само оние кои ризикуваат! Добивате и поддршка од најблиските што уште повеќе ќе ве мотивира! Самоо продолжете напред!

РИБИ

Рибите ќе бидат максимално збунети и нервозни оваа недела. Најдете начин за да си ги средите мислите, макар тоа да значи и некој ден да го поминете сами, без друштво. Немојте да носите важни одлуки оваа неделеа, бидејќи најверојатно ќе бидат погрешни!

Поврзани статии

Back to top button