Убави книги и филмови

Недела е идеален ден за читање!

Недела е, имаме време да си посветиме на себе си и на одлична книга. Ние во продолжение ви спремивме предлог три супер интересни книги кои ќе го одземат вашето внимание и со сигурност нема да ве остават рамнодушни. 

Подарок за роденден (Сузан Е.Филипс) Оваа приказна ќе ве насмее до солзи! Она што почнува како совршено скроен план со еден подарок за роденден излегува од конторла и се претвора во приказна која слатко ќе ве изнасмее.

Часови по секс (Даниел Грант) Ова е унисекс романтична комедија каква што може да напише само маж! Оваа книга ќе го зароби вниманието на двата пола, а истовремено ќе ви открие како е да сте во кожата на еден маж кој се бори со еден од најчестите машки проблеми.

Во одбрана на Џејкоб (Вилијам Лендеј) Син обвинет за убиство. Цело семејство на судење. Правен трилер кој ќе ве остави без сон, ќе ве натера да седите на работ од столчето и да ги гризете ноктите. Ако не ја прочитате оваа книга, само вие губите…

 

Поврзани статии

Back to top button