ЖивотУбави совети

Недела е ден за вкусен десерт!

На повеќето од нас неделите ни се неработни и со задоволство може да уживаме во кујната приготвувајќи вкусни и интересни десерти. Ние денес одбравме десерт кој се подготвуваа лесно и брзо.

Состојки: 4 Јајца, шеќер 250 гр, путер 100 гр, ванилин шеќер 1 кесичка, какао 80 гр, брашно 300 гр, прашок за печиво една кесичка, шеќер во прав 100 гр и малку сол.

Подготовка: Сматете ги јајцата со шеќерот и со ванилиниот шеќер. Додадете го омекнатиот (на собна температура) путер, добро промешајте и додадете сол, какао, брашно и прашок за печиво. Се добро измешајте и оставете ја смесата да одстои најмалку два часа. Потоа земете од тестото големина колку еден орев и обликувајте топчиња. Извалкајте го секое топче во шеќер во прав и наредете ги во плех со хартија за печење на далечина од околу 3-4см. Во загреана рерна на 180 степени печете 10-12 минути.

Поврзани статии

Back to top button