ЖивотУбави совети

На организмот му е потребен пост, еве и зошто!

Освен од верски побуди, многумина постите ги користат и заради потребата организмот да го ослободат од токсини. Да, постот е идеален начин да се исфрлат насобраните отрови во телото, но под услов да се избираат намирници кои ќе бидат подготвени само на здав начин, без пржење во многу маснотија. Иако многумина често постот го поврзуваат со гладување тоа воопшто не е така.

Постејќи, се стекнуваат многу здрави и правилни навики, се победува главоболката и стресот, се надминува депресијата и се полни огранизмот со енергија. Расположението со гаранција ќе ви е на одлично ниво.

Постот е практична и одлична прилика за детоксикација на целиот организам. Ќе осетите и подобрување во функцијата на крвните садови, но, и во борба против стресот. Истовремено ќе ви ја забрза работата на дигестивниот систем. Често пати помага и при кардиоваскуларни заболувања. Вклучете ја имагинацијата и трпезата направете ја привлечна и за вкус и за око. Мешајте посна храна, експериментирајте и јадете разнолично. Исхраната прилагодете ја на потребите на организмот.

По завршување на постот не смеете во големи количини веднаш да внесете се што не сте конзумирале за време на постењето. Постепено додавајте мрсни намирници. Не правете му шок на организмот. Во спротивно ќе ги оптоварите органите за варење, ќе почувствувате тегобии, надуеност и енергијата ќе ви падне на најниско ниво.

Поврзани статии

Back to top button