ЖивотУбави совети

На колку време треба да ја шишате вашата коса за да ви расте брзо?

Дали ја пуштате вашата коса избегнувајќи да одите на фризер да ја ишишате со месеци? На овој начин, косата едноставно се измачува. Косата расте најбрзо кога е здрава, што исто така значи дека е потребно редовно скратување на скршените и оштетените краеви. Колку често тоа ќе биде, зависи од квалитетот на вашата коса, но и од начинот на кој ја третирате.

Ако ја храните и негувате вашата природна коса, тогаш сигурно ќе треба да почекате за скратување, но косата се оштетува доколку редовно ја пеглате или извиткувате со преса. За да ја заштитите и да не ја оштетите, потребно е редовна заштита на косата со масла, хидратирани маски и други хранливи материи.

Ако сте посветени на грижата за вашата коса, тогаш имајте на ум дека ќе биде доволно да ги скртувате врвовите половина сантиметар на секои два месеци. Со свежо скратени краеви, косата ќе изгледа полесна и ќе расте побрзо.

Поврзани статии

Back to top button