На бал со кралот
На пергамент стар,
слова украсни со мастило црно,
извезени со пауново перо,
егоистични,
нарцизиозни,
на бал со кралот повикуваа.
На таа голема свеченост,
стокмени,
накитени,
напудрени,
обвиени со мирис на сандаловина и јасмин,
се поклонуваа,
воздивнуваа,
цинички се насмевнуваа,
на балот кај кралот.
Валцери грандиозно играа,
ставите под конец ги држеа,
на лицата свои маски носеа,
погледите итроштини им беа,
очите зајадливост светеа,
а усните шеќерни зборови изустуваа.
Под маските вешто се криеа,
од погледите на кралот итро бегаа,
на подиумот од мермер танцуваа ли танцуваа,
на главите ореол,
а во срцата змии носеа
и без тронка срам се забавуваа на сметка на кралот.
Бал,
бал,
нека биде маскенбал.
Софија Петковска
Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk