Убави книги и филмови

Најмоќните филмски реплики: Не постои место како дома…“

Секој сака да гледа добар филм. За еден филм да го карактеризираме како таков, важно е сценариото, режијата, глумата… Но, понекогаш доволна е една силна реплика за некој филм да ни стане убав и долго да живее во нашите сеќавања.

Ги издвојуваме најмоќните, најемотивните, најпривлечните филмски реплики на сите времиња.

„Сите ние понекогаш по малку полудуваме.“ – од филмот „Психо“

„Мајка ми секогаш велеше дека животот е како кутија со чоколада. Никогаш не знаеш што ќе добиеш.“ – од филмот „Форест Гамп“

„Кога ќе сфатиш дека остатокот од животот сакаш да го поминеш со некоја личност, ќе сакаш тој остаток да започне што побрзо“ од „Кога Хари ја сретнува Сели“

„Најубавата работа која можеш да ја научиш во животот е да сакаш и да научиш да примаш љубов“ – од филмот „Мулен Руж“

„И го дадов срцето, таа ми даде молив“. – од „Речи нешто“ 

„Во животот нема ништо поголемо од малите нешта.“ – од филмот „Небо од ванила“

„Ако некого вистински сакаш, ќе го пуштиш да си оди. Ако ти се врати, значи дека сте судени еден за друг. Ако не, значи никогаш не ни бил вистински твој“ – од „Непристоен предлог“

„Не постои место како дома.“ реплика од „Волшебникот од Оз“

„Ќе му дадам понуда која нема да може да ја одбие.“ – од „Кум“

„Постојат три начини да се направи нешто: вистинскиот, погрешниот и начинот на кој јас го правам тоа.“ – од филмот „Казино“

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button