ЖивотУбави совети

Најлесниот рецепт за чоколадна торта со лешници

Овој рецепт е идеален за оние кои се почетници во кујната. Уште првата подготовка ќе ви биде загарантирано успешна. Направете сладок десерт за вас и вашите најблиски!

Потребно: 100гр сварен наут, 150гр шечер, 200гр чоколадо, 100гр путер, 4 јајца, 50гр лешници и 100гр брашно од наут.

Подготовка: Матете го сварениот наут со 50гр шеќер се додека не добиете хомоген крем. Загрејте 200гр чоколадо со 100гр путер, мешајки на тивок оган, додека не се растопат. Одвојте ги жолчките од белките, па матете ги жолчките со 100гр шеќер се додека не добиете светла и пенаста смеса. Додајте 100гр брашно од наут, 50гр крупно исечкани лешници и 2/3 од растопеното чоколадо. Белките изматете ги во цврст снег и додајте ги на смесата. Намастете една тркалезна тава со дијаметар 26 цм и посипете ја со 20гр ситно исечкани лешници. Наполнете ја со смесата и печете ја на 180 степени околу 40 минути. извадете ја тортата, прелијте ја со останатото чоколадо и оставете ја да се излади.

 

 

Поврзани статии

Back to top button