ЖивотУбави совети

Најлесниот рецепт за популарниот ХРОНО леб

Како да направите супер вкусен хроно леб кој нема да се распаѓа и рони? Ние имаме супер лесен рецепт за убав хроно леб. 

Потребни сосојки: 2 шолји ржано брашно, 1 шолја јачменово брашно, 2 шолји кисела вода, 1 лажичка сол, 3 лажици маслиново масло, по 2 лажици семки од сончоглед, тиква и ленено семе.

Се заедно се замесува и се остава да стои во сад со капак околу 10 часа. Пред печењето додадете една кесичка прашок за печиво, една лажичка сода бикарбона и сок од половина лимон.

Се меша со миксер, со алатките за тесто. На намастен клап се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 1 час. Оставете го во исклучена рерна уште половина час.

Многу е важно да е добро оладен лебот пред да го пресечете.

Наздавје!

Поврзани статии

Back to top button