Најголема љубов може да се роди меѓу членовите на овие два хороскопски знаци!
Овен и Водолија се два тотално спротивни знаци, кои се привлекуваат во сите полиња на животот. Веќе при првата средба, се создава хемија и почнуваат да летаат искри во воздухот. Тие уживаат еден во друг!
Двата хороскопски знаци сакаат долги разговори, да живеат во авантура и да бидат дел од големо друштво, и кога тие се заедно, се гарантира луда забава.
Членовите на овие два хороскопски знаци сакаат да бидат независни, што е добро, бидејќи нивната врска нема да ја загушува посесивност.
Атрактивната Водолија го привлекува вниманието на доминантниот Овен, а Водолијата паѓа врз силната личност на Овенот.
Иако таквата поврзаност е последица на фатална привлечност, исто така може да резултира со силни конфликти. Најголем проблем се појавува кога двата знака ја покажуваат својата тврдоглавост, но кога страстите се намалуваат, се враќа се во нормала.