ЖивотУбави совети

Највкусниот рецепт за кох од карамела!

Понекогаш не можеме да одолееме на слатки десерти. Ако денес ви е ден за слатко задоволство прочитајте го овој брз и вкусен рецепт за кох од карамела и не губете време, веднаш влезете во кујната.

Потребни состојки: 1,5л млеко, 100гр гриз, 280гр шеќер, 4 јајца, малку суво грозје натопено во рум и 80гр брашно.

Подготовка: Сварете го гризот во 1л млеко па додадете му цврст шлаг од 4 белки, 100гр шеќер и суво грозје. Смесата ставете ја во намастен калап и печете ја на 200 степени. Крем: Карамелизирајте 100гр шеќер. Прелејте го со 1 чаша вода, стопете го и варете го во остатокот од млекото. Пенасто изматете ги жолчките со 80гр шеќер и брашно. Во карасмелата варете ја смесата додека не се добие густ крем. Оладениот крем прелијте го преку кохот и по желба декорирајте го со слатко од овошје или со шлаг.

Наздравје!

Поврзани статии

Back to top button