ЖивотУбави совети
Највкусната пита со сливи
Изненадете ги вашите домашни со нешто крцкаво и вкусно.
За да ја направите најдобрата пита со сливи, потребни ви се: 500 гр. пакување од лиснато тесто, 1 кг. сливи, 150 гр. лешници, 300 гр. шеќер, 3 јајца и цимет.
Развлечете го тестото во длабока тепсија и избодете го со вилушка. Врз него, ставете ги очистените сливи и посипете со половина од шеќерот и мелени лешници. Печете ја питата петнаесетина минути, а потоа ставете ги јајцата кои претходно ќе ги изматите со половината од шеќерот и наросете цимет. Печете уште 15 минути.