МодаУбави совети
Најавете го летото со најтрендовското парче облека!
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2017/05/f1159be593ca5b736a3da1e6a9b39576-compressed-720x470.jpg)
Сите сме во очекување на летото, долгите топли денови и прошетките кои ќе траат цел ден.
Бидете предвесничка на најубавото годишно време, токму со облеката. И оваа летна сезона, како и претходната апсолутен моден тренд ќе бидат блузите и кошулите со голи раменици.
Жените ги обожаваат затоа што добро стојат на секаков тип на градба, мажите уште повеќе бидејќи страшно секси е глетката кон голите раменици и клучната коска. Одбријате вакви кошули од лелеави материјали, како на пример жоржет, свила, памук, а доколку сакате да оставите впечаток на романтична и нежна дама одберете мека чипка. Комбинирајте ги со тесни панталони, класични припиени фармерки или тесни здолништа.