За што треба да водите сметка веднаш по веридбата?
Веридбата е прекрасен и возбудлив момент во кој апсолутно треба да уживате. Но, во исто време, паровите може да се најдат под стрес затоа што токму тогаш е време да почнат да прават планови за иднината и за остатокот од заедничкиот живот, и во тој момент се чувствуваат како да не знаат каде одат… За да го избегнете тоа, ние ви ги напишавме седумте работи за кои треба да размислите веднаш по веридбата.
Веднаш по веридбата треба да водите сметка за:
Запоменете дека желбите ваши и на партнерот се најважни. Свадбата ќе биде ваша, а во тие моменти сите роднини и пријатели ќе ви сугерираат што и како треба да биде. Доколку не сакате свадба со адети и обичаи тоа веднаш кажете го. Направете ја по свој мерак свадбата, оти таа треба да биде убаво сеќавање за целиот живот.
Запишувајте ги сите мисли кои ви се на ум. Полесно ќе се снајдете и нема работите да се комплицираат кога ќе ги решавате една по една. Најважно е да разговарате со родителите дали финанскиски се спремни да ви помогнат доколку имате потреба од тоа. Финансиите ќе ви го покажат патот за полесна реализациа на замислата за идеална свадба. Полесно е кога се знае со колку финансии се располага.
Колку побрзо го одлучите точниот датум за венчавката толку полесно ќе ви биде. Кога го знаете датумот, знаете што кога треба да средите и организирате.
Решете се што ви е најприоритетно за тој ден. дали венчаницата, квалитетна храна или уредувањето на просторот. Нема погрешен приоритет, само е важно со партнерот да се согласувате дека тоа ќе е приоритет на свадбата.
Бројот на гости одлучете го со време. Дали сакате голема свадба или мини свадба со најблиските. Тоа ќе ви го олесни почетокот на планирањето, бидејќи според бројот на гости ќе треба да бирате соодветна локација.
На каква локација сакате да биде свадбата. Разговарајте и одлучете се на време што ви е потребно да има а што да нема просторот во кој ќе биде прославата. Кога ќе знаете што сакате, лесно ќе најдете.
И најважната животна одлука која треба веднаш да ја решите е каде ќе живеете. Дали тоа ќе биде во вашиот стан, или во неговата куќа одлучете веднаш. Дали ќе живеете сами или сте приморани да живеете со родителите решете сега!