ЖивотУбави совети

Направете си домашно чоколадо!

Од вкусни десерти никогаш доста…

450гр шеќер, 200гр вода, 1/2 пакло путер или маргарин се зврива, се трга од оган и се доадава 500гр млеко во прав и 50гр какао предходно добро измешани без грутчиња (доколку има грутчиња прецедеде преку цедалка). Со силно и брзо мешање смесата се изедначува, се додава ванила, рум, лешници, кокос, ореви, суво овошје или бадеми по желба. Се полнат калапчиња со смесата и се оставаат на ладно да се зацврстат.

Од оваа топла смеса може да се прават:

Штанглици: смесата брзо по мешањето се пресипува во подмчкано тавче, се измазнува и по ладењето се сече. Ролат од обланди – кората од обландата се става на влажна крпа малку да отстои, преку неа се става чоколадото и се витка ролат со помош на крпата.

Ситни колачи со обланди: во плехче се става кора од обланда, се става чоколадото па одозфжгора се додава уште една кора од обланда. По ладењето се сече на коцки, триаголници или штангли. Се украсуваат по желба и се додава по желба ореви, лешници, бадеми или мелени бисквити.

 

Поврзани статии

Back to top button