Убави книги и филмови

Надополнете си ја домашната библиотека со три супер интересни книги!

За денес одбравме три супер интересни и возбудливи книги кои со сигурност ќе посакате да станат дел од вашата домашна библиотека. 

Куклена претстава (М. В. Кренвеј) Сериски убиец ги пали своите жртви на познатите праисториски камени кругови во Лејк Дистрикт. Тој не остава никакви траги и полицајците се беспомошни. Кога на јагленосаните остатоци од третата жртва го наоѓаат врежано неговото име, му ја прекинуваат суспензијата на посрамотениот детектив Вашингтон По и го вклучуваат во истрагата од која тој дефинитивно не сака да биде дел. Како партнерка ја добива генијалната, но социјално неприлагодена аналитичарка Тили Бредшо и заедно пронаоѓаат трага која е оставена за да ја види само тој. Мистериозниот убиец има план и од некоја причина По е дел од него. Како што се појавуваат сѐ повеќе нови тела, така По открива дека е многу поинволвиран во случајот отколку што можел да замисли. Со шокантниот крај кој ќе сруши сѐ што некогаш мислел дека знае за себе, По ќе дознае дека постојат и многу полоши работи од тоа некој да те запали жив…

Моја до полноќ (Лиса Клејпас) По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло. Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…

Исподвед (Жауме Кабре) Несудениот свештеник Феликс Ардевол ги користи своите врски во Ватикан за да стигне до вреден нацистички плен, виолината Сториони од 1764 година. Многу години подоцна неговиот син Адрија се сеќава на темниот стан преполн со антиквитети во кој како дете, со фигуричките на шерифот Карсон и индијанскиот поглавица Црн Орел, се криеше зад фотелјата обидувајќи се да ги сфати тајните на таткото. И по педесет години, го мачи вина затоа што ја знаеше комбинацијата за отворање на сефот и виолината му ја позајми на својот пријател Бернат и така предизвика фатална забуна. Меѓутоа скапоцениот инструмент не беше несреќа само за таткото и синот Ардевол – овој инструмент имаше многу возбудлива историја, а луѓето на кои им минал низ рацете, од барокниот композитор Жан Мари Леклер до виолинистката, Еврејката, Берта, на различни начини станале заложници на судбината на виолината.
Романот Исповед е фасцинантно дело на славниот современ каталонски писател Жауме Кабре. Преведено е на повеќе од 20 јазици и има добиено повеќе каталонски и меѓународни награди. Испреплетувајќи разновидни интригантни стории во роман што посакувате да го прочитате во еден здив, Кабре се докажал како брилијантен раскажувач и го зацврсти своето место во врвот на современата европска книжевност.

Поврзани статии

Back to top button