МодаУбави совети
Мрежастите чорапи кои го полудеа светот
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2017/03/17440438_588946794636111_209112359_n-1-657x470.jpg)
Едноставно, оваа пролет жените збеснаа по мрежасти чорапи! Од најмладите до повозрасните, нема кој не ги обожува. Лесни се за комбинирање, за вечерни излегувања и за денски прошетки и се вклопуваат буквално во секоја комбинација. Дали со патики или со ултра високи потпетици ќе одлучите да ги носите нема да погрешите. Доволно е од некаде да надѕирне дури и мал дел од чорапите за да изгледате несекојдневно и привлечно.