МодаУбави совети

Модните парчиња кои ќе направат да изгледате шик!

На есен, никогаш не е доста од облека и додатоци затоа што изборот е голем, а можностите за комбинирање – уште поголеми.

Кои модни парчиња би требало да ги имате во вашиот плакар доколку сакате оваа сезона да изгледате модерно, уникатно и штосно?

Капут во силна боја и шапка во контрастна боја: ова е незаменлива комбинација која мора да ја имате, ем за да ви биде топло, ем за да бидете дотерани.

Уникатна чанта: Бидејќи есенските комбинации најчесто се засновани на црна или сива боја, време е да ја разбиете монотонијата! Додадете чанта во силна боја или некоја со интересен дезен!

Марама или шал: Марамите имаат голем ефект: заштитуваат од студ, но и го потенцираат вашиот стил. Купувајте ги плански: една што ќе одговара со палтото, другата со чевлите и чантата итн…

 Голем џемпер: Ваквиот модел на џемпери се апсолутен хит оваа сезона и мора да ги имате во вашиот плакар. Делуваат богато и уникатно! 

Поврзани статии

Back to top button