МодаУбави совети
Модниот детаљ кој ова лето е најголемиот тренд!
Кога во прашање е накитот, ова лето главниот збор го имаат обетките!
Сите популарни девојки на Инстаграм ги промовираат овие обетки и тие се најголемиот тренд ова лето кога модните детали се во прашање. Станува збор за масивни обетки со реси кои иако беа популарни и минатата година, ова лето се вистински ѕвезди во светот на трендовите.
Обетките со реси мора да ги имате доколку ги следите трендовите. Најпопуларни се оние во силни бои, но и оние елегантните кои се комбинација од металик и темни нијанси.