МодаУбави совети
Моден детаљ кој ова лето е задолжителен!
Време е да се ослободиме од огромните чанти во црна боја во кои ставаме сешто и се толку здодевни и да им дадеме простор на малите плик чантички.
Тие се идеални бидејќи ќе ве направат да изгледате шик и елегантно во секоја прилика. Делуваат скапо за разлика од големите чанти без конкретна форма. Доколку вашиот буџет тоа го дозволува набавете си плик чанти во повеќе бои и бидете уникатни со секоја модна комбинација, доколку не одберете една во неутрална која ќе може да ја комбинирате со сите алишта во плакарот. Што се однесува до бојата наши предлози се крем боја, нежно розова или пастелно сина, бои кои оваа сезона ќе доминираат.