МНТ наградува!
„Зик Зак Пуф“ од 18 часот
Компанија Млфада, Цирих, Швајцарија
Кореографија: Тереза Ротемберг и танчерите
Костими: Тања Либерман
Музика: Тања Милер
Светло: Хајнц Боман
Драматург Ралф Бласе
Менаџер: Никол Фридман
Настапуваат: Дијана Гемеш, Јамила Кодр, Фаусто Изи
Претставата „Зик Зак Пуф“ е наменета за деца од тригодишна возраст нагоре и нивните родители. Таа е современа колоритна бајка, во која постојат, чудни, различни суштества кои меѓусебно се сретнуваат. Низ заедничко искуство тие сваќаат дека иако се различни тие можат да општат и комуницираат и гледаат предизвик во таа можност. Разбираат дека нивната снага е во здруженоста и заедно ги надминуваат сите препреки и откриваат нови перспективи дури и во најчудните ситуациите. Претставата ни прикажува различни имагинативни карактери, кои низ прецизни епизоди ја раскажуваат приказната и создаваат незаборавна атмосфера и несекојдневно доживување.
Тереза Ротемберг е кореограф со богато и многу различно искуство во сопствените креации. Таа е постојан кореограф на танцовата компанија „Мафалда“ во Цирих, која е основана во 1999 година. Во последно време нејзиниот фокус е на креирањето претстави за деца и тинејџери, со кои патува низ светот. Ротемберг е многу активна и во општествениот допринос преку својата работа со аматери, тинејџери и деца. Работи и како гостин-кореограф во познати танцови компании, а се јавува како кореограф и во театарски продукции и опери. Ротермбег создава кореографии за оперски претстави во продукции на многу познати оперски куќи, меѓу кои и Виенската опера, Операта на Цирих, како и Паришката опера. За претставата „Зик Зак Пуф“ ја добива престижната аргентинска награда за уметност„АТИНА“
Компанијата „Мафалда“ под уемтничко водство на тереза Ротемберг со години ја фасцинира публиката со своите невообичаени, некогаш наративни, некогаш апстрактни, со извонредна фантазија и визуелен пристап. Компанијата во изведувачкиот процес прави комбинации на извонредни виртуозни креации, како и исполнета атмосфера со хумор, поетика и сопствена естетика, во која комичноста и трагичноста се неретко едни до други.