ЖивотУбави совети

Млад кромид секој ден, еве и зошто!

Глобално популарен зеленчук е младиот кромид. Причината за неговата огромна популарност е еднoставна – богатство на вкусови, многу хранливи материи и приспособливост на различни почви и клими.

Освен што им дава богат вкус и текстура на оброците, младиот кромир е вистинско богатство на важни хранливи состојки. Содржи значајна количина на витамини А и Ц, особено витамни К. Исто така содржи витамин Е и Б витамини. Од минерали содржи калциум, калиум, железо, натриум, сулфур, фосфор, хром, магнезиум и некои вредни и ретко присутни во секојдневната исхрана, селен, манган, флуор и кобалт. Кверцентинот е уште една скапоцена состојка. Тој е силен антиоксиданс и има антивоспалително дејство. Богат број на растителни влакна и како и повеќето видови свежа храна, младиот кромид во сурова форма има многу повисока хранлива вредност и помоќен ефект од термички обработениот. Сепак, со кратко неколку минутно готвење нема да изгубите значително од неговите благодети. Апсолутно не смее да се занемарат неговите зелени листови, меѓу народот познати како перца. Хранливата вредност во листовите е побогата дури и од таа во главицата. Корисен е за превенција и лекување на многу здравствени проблеми. Од безопасните како што се болки во грлото или настинки до посериозни како што се срцеви или канцерогени заболувања. 

Го чува здравјето на очите. 

Ги чува забите и коските.

Го подобрува варењето на храната.

Ги намалува воспаленијата.

Придонесува за младешкиот изглед.

Спречува рак. 

 

Поврзани статии

Back to top button