Митови и предрасуди за доцната бременост
Многу луѓе и лекари коментираат за ризиците од бременост по 35-годишна возраст, но многу малку знаеме за придобивките од подоцнежното родителство.
„Современиот начин на живот ја промени статистиката. Минатата година 18% од жените кои родиле биле над 35 години. Најголемата група трудници во моментов се на возраст од 30 до 35 години. 17,5% од жените раѓаат на возраст над 35 години“,
Просечната возраст на која жените раѓаат се движи напред во времето, а според сегашните согледувања за балканот таа е 27-28 години, а во 90-тите – 22 години.
Според докторите, забременувањето по 35 трае подолго, бидејќи квалитетот на јајце клетките се намалува – но ова е процес кој се случува постепено со текот на времето, а не наеднаш.
„Причините мора да се анализираат поединечно за секој пар. За никаков рецепт не можеме да зборуваме“, велат експертите.
Според нив, бременоста по 35 години е ризична, бидејќи се поголеми шансите нешто да не оди на најповолен начин. Ако бременоста се следи добро, сепак, шансите таа да биде релативно без проблем не се воопшто мали, сметаат експертите – важна е прелиминарната подготовка и однесувањето за време на бременоста.
Меѓу ризиците кои се поголеми кај бременостите над 35 години, гинеколозите ги посочуваат хипертензивните компликации кај мајката, гестацискиот дијабетес, ретардацијата на феталниот раст или предвременото породување. Меѓутоа, во повеќето случаи на бременост со висок ризик според искуствата на експертите, овие проблеми не се појавиле.
За предностите на доцната бременост, идните мајки и специјалистите укажуваат на свесност, напор да се направи се на најдобар можен начин и строго следење на препораките на лекарот.
Советите на мајките кои искусиле бременост во подоцните години и на докторите до жените над 35 години кои сакаат да станат мајки е да не се двоумат ако сметаат дека тоа е правилна одлука, туку да почнат да се подготвуваат за своето добро здравје во текот на бременоста неколку месеци пред да се обидат да забременат.