Од васУбави муабети

Ме разбуди, полека со нежен допир ме разбуди, ме разбуди допирајќи ги моите раменици…

Ме разбуди, полека со нежен допир ме разбуди, ме разбуди допирајќи ги моите раменици. Беше веќе полноќ кога се обидував да заспијам, сум заспала, пред да заспијам собата беше празна во неа бевме само јас, креветот на кој лежев, телевизорот и да не ја заборавам завесата која висеше над мене, завесата која служеше само за прикривање на сончевите зраци, таа за ништо друго не ми беше потребна во мојата соба. Пак поворувам ме разбуди, но никој немаше освен јас во собата, немаше живо суштество кое се храни, облекува,спие …бев само јас во собата осамена меѓу четири ѕида со помислата и обидот да заспијам. Ме разбуди, рано, наутро ме разбуди, мислев дека е тој, дека се вратил мојот сакан и бара прошка од мене. Ме галеше така нежно по вратот, исто како првиот допир, ме разбуди завесата која се нишаше над мене од силниот ветер кој продираше од прозорецот. За жал не бил тој, не бил мојот сакан.

Стефанија Арсова

Текстот ни го испрати наша верна читателка. Испратете и вие ваш текст на info@ubavo.mk 

Поврзани статии

Back to top button