Мед и зелен чај – домашен третман против акни
Медот има антимикробни својства и делува во процесот на заздравување на раните. Може да го инхибира растот на бактериите и да помогне во намалување на појавата на акни. Зелениот чај помага во намалување на воспаление.
Потребно е:
1 кесичка зелен чај
1 лажица мед
Топла вода
Лосион за чистење на лице
Пешкир
Вреќичката зелен чај потопете ја во 2 дл топла вода и оставете ја да отстои околу 5 минути. Извадете ја кесата и оставете да се излади. Отворете ја кесата и извадете ги ситните лисја чај. Додадете мед на лисјата.
Најпрво избришете го лицето со лосион, па измијте го лицето со чашата чај и исушете го темелно со пешкирот.
Нанесете ја мешавината од мед и лисја од зелен чај на лицето. Оставете да делува околу 20 минути. Исплакнете со ладна вода.
Од 3-4 пати неделно, потребно е да се примени овој метод, за успешни резултати.