Мајките се раѓаат во истиот момент кога и нивните деца!
Некоја посебна причина за покажување на благодарност и љубов кон мајката не треба да има, секој ден и секој момент покажете и колку ви значи. Споделете ги со вашата мајка овие моќни цитати, ќе ја разнежнат и развеселат, верувајте.
“Мајка е личноста која кога остануваат четири парчиња пица, а на масата се пет деца вели дека не сака да јаде пица”
“Мајките ги држат рацете на своите деца кратко, но во срцата засекогаш”
“Да се биде мајка цело работно време е најблагодарна и најплатена работа. Платата е огромна количина чиста љубов”
“Мајките се раѓаат во истиот момент кога и нивните деца. Таа пред тоа не постоела. Жена станала, но мајка не”
“Мајките никогаш не се сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да размисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своето дете”
“Mајката го разбира и слуша и она што детето не го изговорило”
“Луѓето се онакви какви што ги прават нивните мајки”
“Ос сите права кои ги имаат жените, најдоброто е што можат да бидат мајки”
“Ако се на овој свет е несигурно, мајчината љубов е сигурна секогаш”
“Бог не може да биде секаде, па затоа ги создал мајките”
“Мајчиното срце за своето дете е бесконечно длабоко и мирно”
“Мајка е банка во која ги вложуваме сите таги, немири и несигурности”