Маска за сува и оштетена коса: Потребна ви е само една состојка од кујната
Вашата сува и испукана коса ќе ја обожава оваа маска.
Зимата полека поминува, но ниските температури често оставаат трага на нашата коса. Сте забележале дека вашата коса е сува, безживотна и дека нејзините врвови изгледаат лошо. Пролетта што доаѓа ни носи многу влажност. За да ја опоравите и подготвите косата, потребно е само да одите во кујна.
Волшебната состојка за косата е маслото од арган. Доколку ова масло сте го користеле само како додаток во исхраната, време е да се запознаете со неговите чудесни својства кога е косата во прашање.
Аргановото масло содржи антиоксиданси, витамин Е и триглицериди кои ќе и вратат сјај и виталност на вашата коса.
Како да нанесете масло од арган?
Половина час пред да ја измиете косата, нанесете масло од арган по целата должина на косата. Четкајте ја косата за рамномерно да се распореди маслото. По половина час исплакнете со масло и измијте ја косата.
Совет: во случај вашата коса да е многу оштетена, можете да го чувате маслото од арган на косата цела ноќ.