Мамо, светот нема да застане и твојата љубов кон мене нема да згасне ако еден ден ги кренеш нозете на маса!
Ти си единствна, ти си мојата МАЈКА. Ти во себе си ме носела и чувала девет месеци, си внимавала што јадеш, колку и како дишиш, што слушаш, каде одиш, што гледаш и како спиеш. Во тебе растев.
Си се трудела повеќе од било кога да бидеш среќна, дури и кога ти се плачело само за јас да ја почувствувам таа среќа. Си се плашела најмногу кога докторот поминувал по твојот стомак, си се радувала бескрајно кога преку ехото си ја слушала музиката која ја произведувало моето мало срценце. Си ги обиколувала сите продавници, уште во петиот месец си знаела што точно ќе ми облечеш кога ќе дојдам на овој свет. Со леснотија си се навикнала на своето ново, големо тело. На забавените движења. На тешкото дишење. На потечените стопала. Си ме галела и си ми зборувала, раката ти била секогаш на стомакот.
И ме доведе на овој свет, никогаш посилна, никогаш похрабра, убава, никогаш поубава, добра, најдобара, моја.
Те гледам денеска, повторно ги правиш истите работи. Се трудиш да бидеш најдобра. Толку се трудиш што храбро му се спротивставуваш на твоето тело. Не прифаќаш дека годините те совладуваат. Упорно се однесуваш како да си во цутот на младоста и како да ја имаш целата сила на овој свет. Ја исцрпуваш секоја капка сила од твоето тело како да утре нема да ми бидеш потребна. Се правиш за мене и денес, денес исто како некогаш. Се запоставуваш себе си и своите желби и потреби за мене да ми угодиш.
Мајко, посвети се на себе. Оди, излези, забавувај се и шопингувај само за тебе, заборави на миг на мене. Изгуби некој саат во фризерски салон, домот нема да ти избега и пропадне мајко. запиши се на пилатес, уживај. Ако живееш за себе нема да значи дека не си посветена и пожртвувана мајка. Се плашам дека ќе се преумориш, ќе се исцрпиш и ќе почнеш себе си да се мразиш кога ќе видиш дека животот го мина мене угодувајќи ми.
Ти трчаш дома, трчаш во продавница, трчаш на работа, од работа, трчаш на пазар, од пазар, до пекара. Ти го проколнуваш живот што не ти дал повеќе раце и нозе. Ставаш толку многу на грб, лудо верувајќи дека сè можеш и мораш ти. И така ти правиш сé. Но, не мораш. Светот нема да исчезне, ниту твојата љубов кон мене, ако еден ден ги ставиш нозете на масата. Сите ќе бидеме добро, ќе бидеме најдобри. Верувај ми, те сакам жива и здрава уште многу години. Не исцрпувај се, не измачувај се мајко!