ЖивотУбави совети
Мажите признаваат: кога ќе видиме вакви жени на социјалните мрежи на ум имаме само едно нешто…
Мислите ли дека со селфи фотографиите на кои позирате супер секси и испраќате бакнежи ги привлекувате мажите и предизвикувате огромен број на лајкови? Размислете уште еднаш…
И покрај фактот што повеќето жени на нивните профили Instagram и Facebook претпочитаат такви фотографии, не значи дека имаат голем “плус” кај спротивниот пол.
Признаваме дека понекогаш навистина поубаво изгледаме кога ги истакнуваме усните нанапред, но мажите отворено признаваат дека жените се многу одбивни кога секоја слика им е таква.
Сепак има уште многу работи кои мажите ги привлекуваат или одбиваат на нашите социјални мрежи. Видете ја листата, можеби ќе се изненандите!
Што ги привлекува?
- Фотографија на која се гледа целото ваше тело во тесен фустан или костим за капење, но не кога позирате вулгарно и премногу секси. Спонтаноста им е омилена.
- Вашите заби, вашата широка насмевка. Со насмеани фотографии делувате подостапни и позитивни, а тоа на мажите им одговара и ги охрабрува.
- Фотографии од патувања. Бидејќи сакаат жени кои се радознали и спремни за авантури.
- Фотографии од вашето хоби, затоа што сакаат да имаат работа со жени кои знаат повеќе од селфи фотографирање.
Што ги одбива?
- Објави со премногу хаш тагови.
- Голем број на селфи фотки дава слика за вас дека сте осамена и дека освен со физичкиот изглед немате со што друго да се занимавате и пофалите.
- Голем број на “duck face” слики… Тоа едноставно делува премногу нарцисоидно и може да добиете контра ефект.
- Споделување на прватни проблеми, расправање и критикување.
- Играње детектив на социјалните мрежи, испршување и драмење за сите тие жени кои му лајкнале некоја објава и сл.