МодаУбави совети
Мажите ги обожуваат, жените ги носат!
Тие се едноставни, секојдневни и практични. Во сите нијанси и бои се носат години наназад ширум светот. Ги носи и машката и женската популација. Заштитуваат од сонце, практични се и оргинално делуваат. Од најмала до најстара возраст ги комбинираат во најразлични модни аутфити.
Нешто кое мора да има секој за време на летниот период е барем една најобична капа. Нека биде еднобојна и со интересен принт на неа за да ви одговара скоро на се, со леснотија да ја комбинирате.
Важен моден детал е за секојдневните прошетки. На плажа, на кафе и во дискотеки, сегде може да се забележат девојки кои зрачат со уникатност благодарејки на овој моден и практичен додаток. А мажите кои ги носат мора да признаеме дека делуваат повеќе секси од останатите!