Лук со зачини за силен имунитет!
Подгответе тегли со лук и зачини и нека бидат додаток во вашата секојдневна исхрана. Кажете им збогум на висрусите и настинките, на природен начин зајакнете си го имунитетот.
Потребни состојки:
500гр лук, 500мл бел вински оцет, 50гр шеќер, 1 лажица сол, 2 ловорови листа, 2 лажици масло, 2 лажици коријандер, 2 лажици естрагон, 2 лажици пипер во зрно, 1 гранче рузмарин и малку естрагон.
Подготовка:
Излупете го лукот па варете го во 500мл вода со оцетот, шеќерот, солта, ловоровиот лист, коријандерот, естрагонот и пиперот. Потоа тргнете го од рерната, па оставете го да стои поклопен 8 часа. Уште еднаш ставете го да зоврие, па варете го три минути. Потоа сипете го во подготвените тегли. Измијте ги исечкајте ги ароматичните тревки и распоредете ги во теглите. Во секоја тегла додајте малку масло и веднаш затворете ги.