ЖивотУбави совети

Лесен рецепт за меки погачици со лук и ким

Ако уживате во месење ова е вистинскиот рецепт за вас. Воздушното и меко тесто, како и неодоливиот мирис на оригано ќе ги направат овие погачки ваш омилен појадок уште при првиот залак! Погачиците со лук, ким, оригано и маслиново масло одат добро со јогурт, а може да ги јадете и следниот ден откако ќе ги направите.

Потребни состојки:
1 кг брашно
2 јајца
1 / 2л млеко
1 дл вода
1,5 дл масло
1 коцка свеж квасец
лажичка шеќер
лажичка сол
1 јајце за премачкување
1 дл маслиново масло
4 чешниња лук (ситно сецкан)
оригано
лажичка ким

Во малку топло млеко додадете шеќер и одмрзнат квасец. Оставете петнаесет минути да се стопи квасецот. Во меѓувреме, изматете ги јајцата. Додадете млеко, вода, шеќер, сол и масло. Додадете квасец, и сè заедно измешајте. Постепено додавајте брашно и месете го тестото со раце. Кога ќе престане да се лепи за вашите раце, тестото е подготвено. Оставете го во сад и премачкајте го со малку масло за да не се исуши неговата површина. Покријте го садот со влажна крпа и оставете го на собна температура околу 2 часа, да нарасне. Кога тестото ќе нарасне, формирајте 12 топчиња со приближно иста големина. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и оставете ги да отстојат уште триесет минути. Топчињата премачкајте ги со едно изматено јајце и печете ги на 180 степени додека не добијат златна боја. Кога погачките ќе се испечат, премачкајте ги со маринада од маслиново масло, ситно сецкан лук и оригано. Оставете ги да ја впијат мешавината, посипете ги со ким и послужете ги додека се топли.

Поврзани статии

Back to top button