Лековити билки кои помагаат кога ќе нападнат нервозата и стресот
На светот постојат голем број билки кои поволно делуваат врз здравјето, а ние ви даваме неколку информации за оние што ни се достапни.
Лавандата од дамнина се користи за несоница и кај болести на нервите. Лавандата може да ја ставите во када и да се избањате пред спиење или да приготвите смирувачки чај. Освен што ги опушта мускулите, ја смирува нервозата и вознемиреноста, чајот од лаванда делува благотворно и во случај на пореметен сон. Се приготвува едноставно, а делува брзо. Прелијте со топла вода две лажички цветови од лаванда и оставете да делуваат десет минути. Откако ќе го исцедите, засладете ro чајот со мед и пијте по две шолји на ден.
Камилица – лековита болка која генерално го опушта целото тело. Ги омекнува и ги смирува ткивата и мускулите. Силни дози на чај од камилица помагаат и при несоница. Камилицата е честа состојка во мешавините кога станува збор за растителен лек за смирување.
Мајчина душица – оваа билка има лековити својства и во листовите и во цветовите, а нејзините етерични масла ги опуштаат мускулите. Со оглед на тоа што нејзините состојки лесно изветруваат потребно е чајот да го приготвувате во затворен сад за да не ги изгуби лековитите својства. Приготвувањето на чајот е едноставно: лажица мајчина душичка се прелива со два децилитри врела вода, се поклопува и се остава да отстои половина час. Кога чајот ке се излади, се цеди и се пие. Ако ви смета горчината, засладете го со мед.
Анасон може да биде одлично средство за смирување. Анасонот смирува и ги јакне нервите и помага против нервоза, раздрааливост, хистерија и несоница. Сепак, треба да се биде внимателен зашто во поголеми дози делува токсично и силно заспивачки.
Маточина – од маточината може да се направи одлична купка која делува смирувачки, па им се препорачува на оние кои страдаат од несоница, депресија и анксиозност. За лековитите својства на оваа билка најзаслужни се есенциалните масла кои ги опуштаат мускулите. Го јакнат срцевиот мускул и делуваат како антибиотик. Во литар вода сварете десет лажички суви листови од маточина, оставете го да отстои десетина минути и исцедете го.