ЖивотУбави совети
Кој витамин го забрзува метаболизмот?
Витаминот Ц е основна хранлива материја која не се таложи во организмот и треба да се внесе во исхраната. Го одржува здравјето на непцата, спречува појава на настинка, го зајакнува имунитетот и капиларите, неопходен е за формирање на колаген, го намалува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и рак.
Неговиот ефект е главно поврзан со антиоксидантното дејство кое го штити организмот од оксидативен стрес, или прекумерно производство на слободни радикали. Оксидативниот стрес може да го забави базалниот метаболизам (потрошувачка на калории во мирување).
Дополнителниот внес на витамин Ц кај лица со возраст над 60 години може да го забрза метаболизмот и да ја зголеми потрошувачката на калории.