Која храна прави да чувствуваме среќа?
Сте се запрашале ли некогаш како и колку храната може да го подобри вашето расположение? Ако прво помисливте дека за среќа е потребно парче пица и чаша студена кока – кола, не сте во право!
Нутриционистката Фиона Так во својата книга “The Forensic Nutritionist” се занимава токму со ова прашање, односно објаснува која храна влијае директно на мозкот и прави да се чувствуваме среќно и задоволно. Пред се, треба да знаете дека храната која може да не направи среќни е онаа храна која е богата со железо, фолна киселина, витамините Б, Ц и Д и триптофан. Од друга страна храната која не прави да се чувствуваме несреќно е онаа која содржи големо количество на шеќери, вештачки ароми и масти.
Доколку сакате бидете порасположени и да се чувствувате посреќно во вашата исхрана според Так, треба да вметнете што повеќе портокали, јаткасти плодови, леблебии, цвекло, печурки, лосос, банани, какао, јајца и кафеав ориз.