Која храна го намалува апетитот и дава чувство на ситост?
Дали сакате да го намалите апетитот и да престанете да копнеете по слатки? Ако одговорот е да, тогаш е време да направите нов список за купување намирници.
Најново истражување покажало дека повеќе од десетина вообичаени производи достапни во секоја продавница можат да ви помогнат во борбата против гладот и желбата за слатки.
Јајца – наместо тесто за појадок одберете јајце. Бројни студии покажале дека протеините од јајцето имаат корисен ефект врз шеќерот во крвта и ја спречуваат желбата за слатки.
Круши – Ова овошје е богато со растителни влакна, што значи дека е здраво, но дава и долготрајно чувство на ситост.
Цимет – Една студија покажала дека една четвртина од лажичка цимет може да го намали нивото на шеќер во крвта, како и холестеролот. Започнете кафето и чајот да ги пиете со цимет.
Јаболков оцет – Тоа е одличен производ кој дава чувство на ситост. Наутро, во чаша млака вода ставете една лажица оцет и така започнете го денот.
Мешунки – Малкумина слушнале за холецистокинин, но тој е еден од најдобрите пријатели во борбата против вишокот тежина.Овој хормон природно го намалува апетитот, а научниците велат дека мешунките се богати со овој хормон. Исто така, постојат докази дека мешунките го одржуваат нивото на шеќер во рамнотежа, што значи дека се одржува чувството на ситост.