Која храна го забрзува метаболизмот?
Сè што јадеме и пиеме го обработува нашиот црн дроб. Преработува хранливи материи, лекови и алкохол и ги претвора токсичните соединенија во помалку штетни. Затоа е многу важно црниот дроб да биде здрав. Масна и пржена храна, засладени пијалоци, алкохол и лекови може да го загрозат органот што има функција на филтер во телото. Со здрав црн дроб, забрзувањето на метаболизмот нема да биде тешко.
Болен црн дроб не боли, па затоа е тешко да се открие проблемот на почетокот. Добрата вест е дека црниот дроб се обновува, па штетата обично може да се санира.
Ќе го исчистиме црниот дроб и ќе го забрзаме метаболизмот ако ставаме некои од овие намирници во чинијата што почесто:
Цитрусните овошки се богати со витамин Ц и содржат моќни антиоксиданти кои му помагаат на црниот дроб побрзо да ги апсорбира штетните материи.
Лукот е познат како природен антибиотик. Покрај тоа што содржи многу корисни материи, го стимулира производството на ензими кои му помагаат на организмот да се ослободи од токсините.
Цвеклото и морковот се богати со флавоноиди и бета каротен. Благодарение на тоа, тие ја стимулираат работата на црниот дроб.
Зелениот чај е еден од најкорисните пијалоци за чистење на организмот. Содржи катехин, природна антибактериска супстанца која убива микроби врзани за честички од нечистотија.
Ананасот е природен диуретик кој ослободува токсини од организмот, па затоа е омилен меѓу оние кои сакаат да го забрзаат метаболизмот.
Лисјата од нане се богати со флаваноиди кои делуваат како моќен антиоксиданс.
Зеленчук со зелен лист (спанаќ, блитва и зелена салата) содржи многу хлорофил, па успешно ги неутрализира и исфрла токсините од крвниот систем.
Зелката има силно влијание врз ензимите на црниот дроб кои ја регулираат и забрзуваат нејзината работа.
Ѓумбирот го забрзува метаболизмот и помага да се исфрлат маснотиите од телото.
Оревите содржат големи количини на здрави, омега-3 масни киселини. Таквите масти спречуваат формирање на масни наслаги во црниот дроб и истовремено го зголемуваат нивото на корисни ензими.