Иако до есента има уште два месеца, добро е да ги знаеме трендовите што следат.
По некое непишано правило, секоја сезона си има своја заштитна боја, а за есента што доаѓа хит ќе биде една силна и впечатлива боја. Станува збор за црвената боја која веќе ја видовме во колекциите на дизјанерите, но и на постовите кај познатите девојки на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/BV70t7XDsJK/
Експертите велат црвената е боја која се наоѓа во самиот центар на спектарот на бои. Особено ќе ја потенцирате доколку одберете облека и модни детали во оваа боја и кои ги носите во близина на лицето бидејќи црвената боја има огромно влијание врз изгледот на вашето лице. Ќе ве направи да изгледате свежи, одморени, здрави и послаби.
https://www.instagram.com/p/BS7On1WlmVy/