ЖивотУбави совети

Костени – лек за сите генерации!

Костенот како храна има висока енергетска вредност, а неговите главни состојки се скроб и шеќер. Костените се богати со витамини од групата Б, витамин А а содржат и малку витамин Ц.

Што се однесува до минералите, најчести се калиумот и фосфорот, а костенот содржи и калциум, магнезиум, сулфур, хлор, железо, бакар и манган. Енергетската вредност на 100гр костени е 215 калории.

Од костени се подготвуваат разни супи, чорби, пире, гарнири и десерти. Костените се многу вкусни, печени и варени. Благодарение на лесната сварливост, брашното од костен е погодно за исхрана на исцрпените, старите лица и децата. Лебот направен од брашно од костен има пријатна арома, сладок вкус и долготрајна свежина. Брашното од костен се користи самостојно или мешано со брашно од житарки за да се направи леб и колачи.

Костенот има предност во однос на житарките, бидејќи има основно дејство и е погоден во исхраната на пациенти со ревматски заболувања и гихт.

Поврзани статии

Back to top button