ЖивотУбави совети

Компир салата со сенф и краставици – вкусен и здрав оброк!

Интересна идеја за малку поинаква компир салата.

Потребни состојки:

За 4 лица (1 порција содржи 170 kcal)

1,5 кг млади компири
2 сецкани краставици
1/4 чаша сок од лимон
4 лажици сенф
2 чаши рукола
2 лажици сецкани свеж магдонос
2 лажици свежо сецкан млад лук
маслиново масло

Подготовка:

Младите компири измијте ги, излупете ги и ставете ги во тенџере да се сварат. Кога ќе зовријат, додадете сол и намалете ја температурата. Оставете да се варат околу 20 минути.
Исплакнете ги и оставете ги настрана да се изладат.
Во сад измешајте ги сецканите краставици со лимонот и оставете да се маринираат. По 15 минути, отстранете ги краставиците и измешајте ги со компирите.
Додадете сенф во сокот од лимон што остана од краставиците и промешајте.
Додадете лукчиња, магдонос и рукола во компирот и прелијте ја со смесата од сок од лимон и сенф и добро измешајте.
Додадете маслиново масло по вкус.

Поврзани статии

Back to top button