Од васУбави муабети

Колку чини една мирна ноќ?

Спокојна, тивка и без штрецкања ноќ. Ноќ во која ќе легнам и веднаш ќе заспијам. Да спијам, до наутро да не се разбудам.

Да не се измачувам превртувајќи се низ постелата, шетајќи низ станот, дремејќи на социјалните мрежи, читајќи и размислувајќи.

Да го почувствувам мирот сакам, штом ја ставам главата на перница да потонам во сон сакам. Но, да сонувам убаво, нешто поубаво од реалноста.

Доста ми е од кошмари, и на јаве а богами и на сон. Колку чини спокојството во ноќта? Колку треба да платам? Што да направам, мирна ноќ да доживеам?!

Им завидувам на луѓето кои мирно спијат, кои мирно живеат и на животот му се радуваат. Јас, каде погрешив?

Поврзани статии

Back to top button