Колкава количина на кафе во текот на бременоста е дозволена?
Вистина е дека кафето може да го покачи крвниот притисок. Повеќе студии докажале дека дури и умерената количина на кофеин влијае на срцевиот ритам на фетусот. Резултатот е скоро ист како при голема физичка активност.
Истражувања на Светската агенција за стандарди во исхрана покажуваат дека ризици за бременоста се јавуваат дури и со конзумирање на повеќе од 300мг кофеин, што одговара на количество повеќе од три чаши кафе. Постојат докази дека конзумирањето на големи количини кофеин (8 чаши кафе дневно) можат да го зголемат ризикот од спонтан абортус и предвремено породување, или пак влијаат на раѓање на бебе со мала телесна тежина.
Употребата на кафе без кофеин во бременоста исто така не е решение за љубителите на овој пијалак, со оглед на тоа дека ова соедининие се раздвојува со комплициран технолошки процес, со употреба на хемиски материи кои најчесто се поштетни и од самиот кофеин.