ЖивотУбави совети
Кои се први симптоми на бременост?
Без оглед на тоа дали сакате да забремени или мислите дека веќе сте бремени, може да биде доста фрустрирачки да чекате одговор. Многу жени не можат да толерираат да чекаат меѓу овулацијата и менструацијата и сакаат да дознаат дали се бремени што е можно поскоро.
Ако сте навистина нестрпливи во очекување на одговор, ќе бидете изненадени од фактот дека вашето тело ќе ви даде самото одговор ако внимателно го слушате!
Некои жени чувствуваат рани симптоми на бременост неколку дена по зачнувањето, а други не чувствуваат дури по неколку недели од бременоста.
Ако се сомневате дека сте бремени и ако почувствувате некои или сите симптоми наведени подолу, посетете го што е можно побргу вашиот гинеколог.
Па кои се раните знаци на бременост?
- Зголемено чувство на мирис и вкус
- Мачнини и нагони за повраќање
- Зачестено мокрење
- Замор
- Напнатост на градите
- Вртоглавица
- Минимално крварење во циклус
- Губење на тежината
- Промена на тенот
- Пообилен исцедок