Кои работи не треба да ги кажеме ниту на најверната пријателка?
Повеќето експерти веруваат дека некои детали од љубовна врска или брак треба да останат меѓу партнерите и не треба да ги делиме со другите, дури и ако тие се нашите најдобри пријатели.
Многу од нас имаат потреба да ги кажат сите свои проблеми на своите пријатели. Без оглед на тоа од каква природа е проблемот, ние се чувствуваме подобро кога им се доверуваме на оние кои ни мислат најдобро, а најчесто зборуваме за љубовните проблеми.
Сепак, многу експерти веруваат дека некои детали од врската или бракот треба да останат меѓу партнерите и дека не треба да ги споделуваме со другите.
Расправиите, недоразбирањата и проблемите со фамилијата на нашиот партнер не треба да ги споделуваме со пријателите.
Секусалната фантазија на партнерот не треба да е тема на муабет ни со блиските пријателки.
Приватни информации кои треба да останат само меѓу вас двајца.
Недостатоците и слабостите на партнерот во никој случај не смее да ги раскажувате наоколу.