Убави вести

Кои земји се најдобри за одгледување на деца?

Детството е многу важен период од животот бидејќи не обликува во она што стануваме кога ќе пораснеме. Исто така, би требало да биде и најбезгрижниот период, но за многу деца ширум светот тоа речиси е невозможно.

За 700 милиони деца низ светот детството завршува прерано, стои во извештајот на организацијата Save the children.

Извештајот е објавен по повод истражувањето во кое се анализирало како децата растат во 172 држави низ светот. Фактори кои биле земени во предвид се квалитетот на детскиот живот, стапка на морталитет кај млади, начин на исхрана и здравствена состојба на децата.

Па така, резултатите покажале дека Норвешка, Словенија, Финска, Холандија, Шведска, Португалија,  Исланд, Италија и Белгија се најдобри земји за одгледување на дете бидејќи тоа ќе има одлични услови за да расте среќно, безбедно и безгрижно.

Најлоши земји за одгледување деца пак се: Конго, Гвинеја, Сиера Леоне, Буркина Фасо, Јужни Судан, Чад, Сомалија, Централноафриканската Република, Мали, Ангола и Нигерија.

 

Поврзани статии

Back to top button