МодаУбави совети

Кои бои ќе доминираат оваа сезона?

Пред нас е нова сезона во која ќе доминираат некои видени, но и некои нови модни трендови. Што се однесува пак до боите во сезоната есен/зима 2017/2018 актуелни ќе бидат неколку бои кои ќе ги гледаме во модните колекции, низ бутиците и низ улиците.

Кои бои ќе бидат хит и задолжително мора да имате парчиња облека во оваа боја?

Бела: Иако асоцира на лето, оваа есен таа ќе биде една од најактуелните. Кошулите, мантилите и палтата во оваа боја ќе бидат хит!

https://www.instagram.com/p/BYlrPSQlZTc/

Розова: Оваа боја веќе неколку години е доста тренди, а оваа сезона ќе го достигне врвот на популарноста.

https://www.instagram.com/p/BY1E3IEndN0/

Црвена: Оваа боја ќе биде хит за есенските и зимските денови. Одлична е за разбивање на сивилото на студените денови.

https://www.instagram.com/p/BYcFZFMAVYw/

Бежова: Оваа боја е апсолутен хит неколку сезони назад. Одлична е за комбинирање и одговара на сечиј тен и боја на коса.

https://www.instagram.com/p/BY4ZoGOHKOQ/

Зелена: Вистинско освежување оваа сезона се зелените нијанси. Ќе се носат сите нијанси, од минт зелено, силно зелено па се до маслинесто зелено.

https://www.instagram.com/p/BY3iE0hjaOX/

Поврзани статии

Back to top button