Кого треба да познавате најдобро?
Двата основни чекори на патот кон среќен и исполнет живот се довербата во себе и подготвеноста да ги следиме нашите соништа, но за да можеме успешно да ги следиме прво треба да се запознаеме! И кога ќе се запознаеме себеси, нема ништо полесно од приспособувањето кон основните правила на среќниот живот.
Единствената личност која може и мора да влијае на текот на вашиот живот сте самите вие! Секој совет што доаѓа од страна, без оглед дали е добронамерен или не, е добро да се слушне и да се размисли, но тој не смее да влијае врз одлуката на вашиот живот! Затоа е многу важно да станете свесни за себеси, бидејќи само на тој начин ќе можеме да се фокусираме на секој дел од вашата личност, да се посветите на тоа да работите на себе и да создадете од себе човек кој е подготвен да го преземе животот во свои раце.
Запознајте се себе си преку своите желби. Бидете си најголемиот критичар сами на себе, но и најголем советник. Кога ќе се запознаете себе си во целост ќе си создадете здраво опкружување. Тогаш ќе знаете вистински да си удоволите себе си. Засакајте се себе си, и борете се за вас и само за вас!