Убави книги и филмови

Книги кои ќе го задржат вашето внимание

Со оглед на високоите температури кои ги имаме надвор, сите од нас се криеме по дома и во близина на клима – уредот.

Затоа, искористете ги часовите кои ги поминувате дома за некоја добра книга. Ви нудиме листа од три книги кои ќе го задржат вашето внимание.

Збогум Најмила – Кристин Хана

Лекси е сираче со мрачно минато, шетано од дом во дом, кога најпосле завршува кај својата баба во сосема нов град. И нејзе конечно и се насмевнува мала среќичка, па успева да најде нешто што наликува на дом и семејство. Згора на тоа, брзо успева да се прилагоди и да си пронајде пријателка. Тогаш Лекси и Миа стануваат најдобри пријателки, а близнакот на Миа, Зак, се вљубува во Лекси, тројцата стануваат неразделни.

Девојките – Ема Клајн

Брилијантен роман кој понира во неверојатни психолошки длабочини, чудесно и одлично напишан. Со зрелост поголема за своите години, Ема Клајн напишала мудар и ни малку претенциозен роман – одмерено а возбудливо сведоштво за похотата и ужасот. Извонредна, опојна и интригантна приказна за созревањето, раскажана со толку убаво изработени реченици што можат да се носат како накит…

Вистинскиот – Џон Марс

Што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе всушност е сериски убиец? Или, што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе веќе е женет и има деца? До каде се оди за вистинска љубов и колку може да биде силна таа вистинска љубов кога делиш ген со некого? Ова е еден различен психолошки трилер, уникатна книга што загарантирано ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

 

Поврзани статии

Back to top button