Книги за успех
Бидете најдобрата верзија од себе. Читајте и учете од книги.
Мисли и збогати се (Наполеон Хил) Мисли и збогати се е можеби најважната книга за успехот некогаш напишана, и поради неа Наполеон Хил се смета за татко на целата мотивациска литература што се пишува и денес. Не го оставајте успехот за утре, прочитајте уште денес!
Мајсторство (Роберт Грин) Учете од мајсторите. Врховната формула на моќ е мајсторството. Научете ги тајните на професионалната област што сте ја избрале за себе, подложете се на едно ригорозно чиракување, апсорбирајте ги скриените знаења, кои доаѓаат само преку многугодишно искуство, па застанете рамо до рамо со вашите ривали и надминете ги во генијалноста. На крајот, урнете ги до самите темели старите шеми на извонредност.
Моќта на позитивното мислење во бизнисот (Скот Вентрела) Тој е врвен говорник, предавач и еден од најбараните бизнис-тренери во светот. Оваа книга ги опишува десетте најважни особини кои треба да ги развиете – меѓу кои се оптимизмот, ентузијазмот, интегритетот, решителноста, храброста –и ви покажува како да ги примените за да ги подобрите значително своите можности и својата самодоверба во работата. Доколку ги усвоите и вистински ги примените, ќе стекнете моќ позитивно да размислувате, што е предуслов за секој деловен успех.