Книгите на Весна Дедич ќе ги чувате себично!

Весна Дедич, авторка на прекрасни книги, родена 1967 година на 25 декември во Осјек, дипломирала Книжевност при Филолошкиот факултет во Белеград. Водителка и автор е и на телевизиска емисија “Балканска Улица” која со години се емитува на РТС.
За себе вели дека е патријахално воспитана и се труди така да ја воспита и својата ќерка. Самохрана мајка која сама се бори со животните предизвици. Нејзините дела ќе ве маѓепсаат. Ќе ви докажат дека животот е полн изненадувања. Ќе направат да посакате да ја запознаете и да ја имате блиску до себе, ќе ги препрочитувате по неколку пати и ќе ви станат омилени четива.
“Заувек у срцу” 2010 година
“Сунце мени, сунце теби” 2011 година
“Ти си мени све” 2012 година
“Пола душе” 2013 година
“Загрли ме” 2014 година
“Чувај ме” 2015 година